(ВИДЕО) Анѓушев: Постои интерес за големи инвестиции од американски компании

Во Њујорк е и вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој заедно со директорот на дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, оствариле директни средби со менаџментите на неколку американски компании, за интересирани за инвестиции во Макеоднијa..

Анѓушев посочи дека е задоволен од исходот на средбите и додаде дека сите компании со кои се сретнале имаат покажано интерес за инвестирање во Северна Македонија, а дел од нив се и блиску до носење на одлука за реализација на инвестицијата. Вицепремиерот нагласи дека со извесното членство во НАТО, нашата земја станува се поатрактивна инвестициска дестинација за компании од САД.

„Нивните имиња ќе ги објавиме кога тие самите ќе одлучат за тоа. Ме радува што тоа се компании од високо технолошкиот развиен свет, односно компании кои нема да вработуваат 3000 или 5000 лица, планирано е да вработуваат помал број на луѓе, од 300-500, но тоа ќе бидат работни места токму онакви какви што сакаме да има во нашата држава, за млади интелектуалци и за високо стручните кадри, за ги задржиме младите во Република Северна Македонија. Станува збор за потенцијални инвестиции до стотина милиони евра и над тоа некои од нив. Дефинитивно Северна Македонија станува земја којашто е интересна за компаниите од САД. Ценам дека голем придонес во таа работа има и зачленувањето во НАТО и нашите евроатлантски интегративни процеси кои сериозно ги раздвиживме“, потенцира Анѓушев.

Анѓушев кажа дека во изминатите 2 години во ТИР зоните и надвор од нив, започнаа со реализација 30-ина инвестициски проекти на странски компании, домашните компании исто така реализираа нови инвестиции и се развиваат и сето тоа се рефлектира преку позитивни економски статистички показатели,

Директорот Младеновски очекува за дел од проектите за кои се разговарало во Њујорк, да се донесат одлуки во многу брз временски период, а се надева дека компаниите ќе одлучат да инвестираат токму во нашата земја.

„Генерално сме во последна фаза на преговори со овие компании, набрзо, не се работи за месец-два, туку се работи за некоја недела, се надевам дека ќе може да ги објавиме. Со тоа ќе се заокружи за оваа година поголем инвестициски сегмент од планираното. Во наредните година дена, кога фабриките кои се моментално во градба ќе заживеат, ќе работат високо квалификувани кадри и тоа ме радува особено“, посочи Младеновски.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top