(ВИДЕО): Англија и Тунис играа меѓусебно, но имаа заеднички непријател

Англичаните го слават Хари Кејн кој со два гола им донесе победа над Тунис на стартот на Мундијалот..

Иако на теренот на Волгоград Арена играа Англија и Тунис, двете селекции имаа заеднички непријател, а тоа беа мушичките и комарците.

Имено поради толото и влажно време, во овој Руски град деновиве се забележени голем број инсекти, а светлината од рефлекторите на стадионот беше како магнет за илјадници мушички и комарци кои создадоа многу проблеми.

Фудбалерите освен што се бореа на теренот со противникот, се бореа уште против еден непријател.



Scroll To Top