(ВИДЕО) Арена Бенд со преработки на познати странски модерни и евергрин хитови

Арена Бенд продолжува со својата "работа" и велат дека редовно ќе ги гледаме и слушаме по медиуми..

Арена Бенд е фолк група која неуморно работи, реди успеси и ја краси македонската естрада повеќе од една година. 

Тие со своите 6 талентирани и музички образовани членови постојано им нудат на своите слушатели и фанови квалитетна музика а еве и нови видео записи во соработка со продукцијата "Арт" . 

На каналот на Youtube ќе наидете на повеќе од стотина видеа од кои дел се од добро познатите емисии "Чаша Љубов" и "Моја Свадба" но и на уникатните проекти снимени од овој амбициозен бенд. 

Овој пат тие се одлучија да направат еден малку поразличен чекор од досега и снимија преработки на познати странски модерни и евергрин хитови за кои веќе имаат и мошне интересни и урбани видео записи во соработка со естрадниот вокал Стојне Николова и Браќата Нуне. 

 Тие велат дека тотално уживаат во тоа што го работат а и ни се пофалија дека во месец Април , ќе одржат концерт и ќе ги забавуваат нашите македонци во Австрија-Линс. 

Но тука не завршуваат нивните патувања , велат дека добиваат понуди од дијаспората за концерти и настапи кои стануваат се побројни. 

 Иако млади , долгогодишното искуство на нивните членови ги прави сериозни и професионални во својата работа. Момците пак имаат друг поглед на тоа што ние го велиме "работа" . 

Еден од членовите ни рече вака... - Доколку го правите (работите) тоа што го сакате во животот, тогаш ниеден ден во животот нема да работите. 

 Арена Бенд продолжува со својата "работа" и велат дека редовно ќе ги гледаме и слушаме по медиуми.






Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top