(ВИДЕО) Архиерејска Богослужба во „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Мелбурн

Канонската визитација на Митрополитот г. Тимотеј продолжува во Мелбурн..

Деновиве во Мелбурн во канонска визитација престојува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-Кичевски и Администратор Австралиско-Сидејски г. Тимотеј.

Митрополитот г. Тимотеј кој пристигна во четвроткот попладне вчера одржа вечерна Архиерејска Богослужба во Македонскиот Православен Храм „Св. Јован Крстител“ во Џелонг.

Денес Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј одржа Архиерејска Богослужба во Македонскиот Православен Храм „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн во сослужение на Протојереј - Ставрофор Димче Ѓорѓиески, Протојереј - Ставрофор Ефтим Бетински, Протоѓаконот Николче Ѓурчиноски, Архимандрит Гаврил Галев, Парохиски Свештеник Климент Станковски.

Утре, Недела во 9 часот Митрополитот г. Тимотеј ќе одржи утринска Архиерејска Богослужба во Македонскиот Православен Храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиднам, Мелбурн.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top