(ВИДЕО) Аталанта со пресврт против Лацио му направи услуга на Јувентус

Екипата на Аталанта со пресврт успеа да слави против Лацио со 3:2 во 27 коло од италијанската Серија А, со што му овозможи на Јувентус да побегне на четири бода разлика..

Лацио има за што да жали, бидејќи гостите од Рим имаа се во своите раце, но по којзнае кој пат се покажа дека 2:0 е најопасниот резултат во фудбалот. Гостите поведоа веќе во петтата минута преку автоголот на Де Рун, а шест минути подоцна Сергеј Милинковиќ Савиќ со спектакуларна „бомба“ го зголеми резултатот на 2:0.

Но, до крајот на првото полувреме Аталанта успеа да намали преку Госенс во 38 минута. Во првото полувреме двете екипи имаа свои шанси и беше навистина неизвесно, но во второто полувреме сликата беше далеку поинаква.

Аталанта воспостави тотална доминација на теренот и на крајот заслужено дојде до победата. Најпрво Малиновски во 66. минута израмни на 2:2, за Паломини во 80 минута ги постави конечните 3:2.

Во вториот натпревар кој се одигра во вечерниот термин, Рома ја совлада Сампдорија со 2:1, а херој на „Волчицата“ беше Един Џеко. Гостите поведоа во 11 минута, но Џеко го израмни резултатот во 64 минута, а потоа со својот втор гол во 85 минута ги постави конечните 2:1 во корист на Рома.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top