(ВИДЕО) Авион ја промаши пистата и се запали, 18 повредени

Боинг 787, кој полетал од Москва, се запалил откако ја промашил пистата при слетувањето на аеродромот во Сочи. Властите објавија дека се повредени 18 лица..

Авион на руската компанија Утер ерлајнс со 166 патници и шест члена на екипажот се лизнал во река и се запалил. Регионалните здравствени власти соопштија дека 18 лица добиле медицинска нега, меѓу кои и три деца.

Еден од вработените на аеродромот починал за време на операцијата за спасување, по сè изгледа од срцев удар, изјавил за Франс прес портпаролот на аеродромот во Сочи.

Отворена е истрага околу овој инцидент, кој се случил во 2.50 часот по локално време.

На социјалните мрежи е објавена снимка од периодот по излетувањето на авионот од пистата.

„Се урнавме, но ми се чини сè е во ред“, вели човекот на видеото.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top