(ВИДЕО) Авион се урна на улица во Мелбурн, пилотот загина

Ројтерс пренсе дека авионот паднал во тесна уличка во која има еднокатни куќи, на околу 25 километри од центарот на вториот по големина австралиски град..

Австралиската полиција соопшти дека лесен авион паднал и потоа се запалил во предградие на Мелбурн, при што загинал пилотот, а леталото искинало струјни кабли.

Ројтерс пренсе дека авионот паднал во тесна уличка во која има еднокатни куќи, на околу 25 километри од центарот на вториот по големина австралиски град.

Полицијата наведе дека леталото паднало на помалку од еден километар од локалниот аеродром и дека е потврдена смртта на едно лице, за кое се верува дека било само во авионот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top