(ВИДЕО) Австралија, Нов Зеланд и Самоа ја дочекаа новата година

Традиционално, новата година прво дојде во Самоа..

Тихоокеанската островска држава Самоа е првата во светот, која со голем огномет во главниот град Апиа зачекори во 2019 година, а еден час по неа, Новата Година ја прославија и во Нов Зеланд.

Жителите на Оукленд, Нов Зеланд уживаа во традиционалниот огномет од Скај Тауер.

Силен дожд не го наруши новогодишното расположение во Сиднеј, кој традиционално е домаќин на еден од најспектакуларните огномети.

Полицијата процени дека милион луѓе ќе се соберат за да го гледаат огнометот во сиднејското пристаниште, на кое се надоврза и природата, креирајќи свое шоу на небото со десетици молњи.

Точно на полноќ, беа ослободени 100.000 пиротехнички ефекти, придружувано од хитот на неодамна починатата кралица на соул музиката Арета Френклин, „Природна жена“.





Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top