(ВИДЕО) Австралијанец бил пронајден жив по две недели талкање низ пустина

Австралиската полиција објави дека го пронашла второто од трите лица кои биле изгубени во австралиската пустина пред две недели..

Фуа Тран (40) вчера бил пронајден од земјоделец на оддалечена фарма на северна територија (НТ) , додека тој се возел за да го провери својот огромен имот на околу 160 километри јужно од Алис Спрингс.

Тамра Мекбет-Рајли (52) била пронајдена во неделата, но од нивниот пријател, 46-годишниот Клер Хокбриџ, сè уште нема никаква трага.

Полицијата соопшти дека Тран преживеал затоа што пиел вода од јами. Тој сега е во болница, каде што се лекува од изгореници, јавува Би-Би-Си.

Да потсетиме, тројца пријатели тргнале на 19 ноември од Алис Спрингс на патување во австралиската пустина. Групата патувала и го истражувала дивиот живот јужно од Алис Спрингс кога со џипот се заглавиле во реката Хју. Три дена се обидувале да го извлечат автомобилот, но не успеале.

Наскоро ги потрошиле сите свои резерви на вода и ги јаделе бисквитите и тестенините што ги понеле со себе. Пронашле јама со вода и ја пиеле зовриената вода , која ја цеделе преку маица за да можат да ја пијат.

„Беше прилично валкана вода, но сепак ги одржувала во живот“, изјави Полин Викари, началник на полицијата на Северната територија.

По три дена, тие решија да се разделат за да побараат помош. Тран и Хокбриџ се упатија кон автопатот, а Мекбет-Рајли останала во близина на возилото бидејќи се плашела дека нејзиното куче нема да го преживее одењето низ пустина.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top