(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈКА СО ГОЛИ РАЦЕ ФАТИ АЈКУЛА И ЈА ВРАТИ ВО ОКЕАНОТ

Австралијката Мериса Хејтер, која работи како агент за недвижности, е хит на социјалните мрежи откако се појави видео во кој таа фаќа ајкула и ја враќа во океанот..

Мелиса пливала во природен базен во Оак Парк во предградие на Сиднеј, кога налетала на бакарна ајкула и одлучила да ја спаси.

Нејзината ќерка дури снимила и видео како мајка и се бори со ајкулата и ја префрла од базенот во морето.

„Едноставно сакав да ја фатам ајкулата. Да беше возрасна ајкула не би го направила тоа“, вели Хејтер и додава дека ајкулата била мала и од стрес и дезориентираност се удирала со главата во карпа.

„ја фатив за вратот за да не може да се сврти и да ме гризне. Не беше толку тешка, но нејзината кожа беше груба. Ја фрлив преку работ и видов како отплива“.

Инаку овој вид ајкули ако се гладни се многу агресивни, а повеќепати годишно во Синдеј настрадува некој човек.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top