(ВИДЕО) Австралиски генерал не дозволи офицери да стојат зад министерот за одбрана за време на политички прашања

Генерал Ангус Кемпбел веднаш реагираше, ја прекина прес конференцијата и побара тие да отстапат од бината..

Највисокиот по ранг во австралиската војска, генералот Ангус Кемпбел, направи неверојатен потег за време на прес конференцијата на министерот за одбрана , Кристофер Пјон.

Тој спаси тројца офицери од потенцијално непријатна ситуација. Тие стоеа на бината за време на промоцијата на новиот шеф на воздухопловните сили, но во еден момент министерот за одбрана беше прашан политичко прашање, надвор од темата.

Кога заврши тематската прес конференција и новинарите почнаа да се интересираат за навиките за патување во странство на градоначалникот Џорџ Кристенсен, генералот Кемпбел одлучи дека е време да интервенира и да спречи политичко инволвирање на тројцата офицери.

Го допре министерот за одбрана по рамото.

“О Ангус”, извика изненаден министерот.

“Моето извинување”, прошепоти генералот.

“Сакам само да побарам од воените офицери да се повлечат додека одговарате на вакви прашања“-реле генерал Кемпбел.

“Да, ве молам, молам”, се согласи министерот за одбрана.

Еден висок воен претставник изјави за АБЦ дека инцидентот е ,,вистински потсетник” за политичарите да не се обидуваат да го користат персоналот на АДФ (армијата)како реквизити во изборната година.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top