(ВИДЕО) Азербејџан го нападна главниот град на регионот Нагорно-Карабах

Воздухопловните сили на Азербејџан го нападнаа главниот град на регионот Нагорно-Карабах, соопшти ерменското Министерство за одбрана..

Степанакерт е главен град на де факто независната држава Нагорно-Карабах во рамките на меѓународно признатиот Азербејџан. Има 40.000 жители, речиси сите Ерменци.

Ерменските и азербејџанските сили покажаа мала подготвеност да престанат со борбите по избувнувањето нови судири на 27 септември.

Повеќе од 100 луѓе, меѓу кои и многу цивили, се убиени во тешки борби, вклучувајќи употреба на вооружени беспилотни летала, тенкови, хеликоптери и повеќе ракетни системи по должината на поголемиот дел од линијата што ги одделува ерменските сили што го контролираат Нагорно-Карабах од азербејџанските трупи.

Во изјавата на 2 октомври Министерството за надворешни работи во Ереван рече дека го поздравува претходниот заеднички повик на Франција, Русија и на САД, копретседатели на групата од Минс на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за итно прекинување на непријателствата меѓу силите што се борат околу Нагорно-Карабах.

Ерменија денес изјави дека е подготвена да учествува во мировните разговори бидејќи меѓународните лидери продолжуваат да повикуваат на итен прекин на борбите со азербејџанските сили.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top