(ВИДЕО) Баерн Минхен со кикс ја отвори новата сезона во Бундеслигата

Баерн Минхен успеа да киксира на почетокот од новата сезона, во првото одиграно коло, или нивниот прв натпревар..

Вечерва на домашен терен, на Алијанц Арена, Баерн одигра само 2:2 против Херта Берлин.

Домаќините очекуваа сигурна победа, но тоа им се одби од раце, иако се така добро почна за нив, со гол на Левандовски во 24. минута, сепак заврши со делба на бодовите.

Во 36. минута гостите преку Лукебакио доаѓаат до 1:1, додека само две минути подоцна, Марко Грујиќ ги носи играчите на Херта во водство 1:2.

Левандовски постигнува уште еден гол за Баерн (пенал) во 60. минута за конечни 2:2.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top