(ВИДЕО) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипини вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер, поради што се тресеа многу згради а жителите панично бараа место да се засолнат..

На социјалните мрежи се појавија многу снимки од потресот. Меѓу нив има една на која може да се видат огромни количини вода како се излеваат од станбена висококатница во округот Бинондо во градот Манила. 

Според локалните медиуми, водата паѓала од базен, кој се наоѓа на врвот на пентхаус висококатница. Од видео-снимката може да се види како водата се разлева на 190 метри оддалеченост.

Зградата се вика „Анкор Скајсјутс“ и е неодамна изградена, а официјално била отворена во 2015 година. Една е од највисоките згради во тоа подрачје и се смета за највисока градба меѓу сите кинески населби во светот кои се наоѓаат надвор од Кина.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top