(ВИДЕО) Белгија не е Македонија: Докторите со завртен грб ја пречекаа премиерката поради негрижата за здравството

Белгија за време на светската пандемиja предизвикана од кopoнавиpycoт се најде на самиот врв по бројот на зapaзени и поч инати по глава на жител.

Медицинските работници во болницата “Свети Петар” во Брисел на белгиската премиерка, Софи Вилемс, и’ завртија грб, при нејзината службена посета во оваа болница.

Овој гест на здравствените работници во болницата е во знак на протест поради постапките на владата кон здравствениот сектор.

Докторите и медицинскиот персонал формираа цел “шпалир за дочек” и го завртија грбот во моментот кога доаѓаа службените возила.

На властите им се забележува тоа што го намалиле буџетот за здравството, малите плати, недостатокот на медицински персонал и намерата за дополнително ангажирање на неквалификувани кадри, наместо медицински сестри.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top