(ВИДЕО) Белорусија: Десетици приведени на „Маршот на жените“

Десетици демонстранти синоќа беа приведени на протестите во Белорусија против реизборот на претседателот Александар Лукашенко..

Телевизијата Белсат јави дека најмалку 10 000 демонстранти учествуваа на „Маршот на жените“ во Минск.

Тие побараа ослободување на затворената лидерка на опозицијата, Марија Колесникова и го повикаа претседателот Александар Лукашенко да се повлече од функцијата.

Кога учесниците на Маршот стигнаа до плоштадот Слобода, безбедносните сили започнаа да ги туркаат назад, да апсат жени и да ги внесуваат во полициски комбиња.

Белсат, сателитски телевизиски канал со седиште во Полска соопшти дека меѓу уапсените има и нивни вработени, кои носеле елеци, идентификувајќи се како членови на печатот. Полицијата ги запленила нивниот фотоапарат и телефони.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top