(ВИДЕО) Бесниот Фетел ја постави „единицата“ пред својот болид

Себастијан Фетел беше очигледно бесен по загубената победа на Формула 1 трката во Канада..

Себастијан Фетел беше очигледно бесен по загубената победа на Формула 1 трката во Канада. Тој поради казна од пет секунди иако беше најбрз, мораше да му го препушти триумфот на Луис Хамилтон. Незадоволен од одлуката да добие ваква казна, Фетел по завршувањето на трката ги смени броевите кои се поставуваат пред болидите кои ги освоиле првите три места. Единицата ја стави пред неговиот, а двојката пред возилото на Хамилтон.

„Не треба да го исвиркувате Луис, тој не е виновен. јас имав проблем, но вината е кај тие што ги носат одлуките и тие треба да бидат исвиркани“ – рече Фетел обидувајќи се да биде коректен кон големиот ривал кој се најде во непријатната ситуација без никаква вина.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top