(ВИДЕО) Бизарна прослава на титулата на Ријека - евакуација од соблекувалната во моментите на славје

Фудбалскиот клуб Ријека вчера го освои Купот на Хрватска, добивајки го шампионот Динамо Загреб со 3:1 во финалето..

Клубот во кој настапуваат и нашите двајца преставници Ристовски и Велковски, имаше бизарен инцидент во соблекувалните при прославата на куп титулата.

Дефанзивецот на Ријека, Дарио Жупариќ, во соблекувалната почна да прска со против пожарен апарат, набрзо се подигна прашина од апаратот и се прошири на секаде, а играчите мораа да го покријат лицето и да ги напуштат соблекувалните.

Веднаш беше активиран и противпожарниот аларм, поради кој на целиот стадион снема струја, па на крајот добар дел од играчите на Ријека, на крајот се тушираа во соблекувалната на Динамо.


View this post on Instagram

Campeones, campeones orilo se svlačionicom!


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top