(ВИДЕО) Богоевски до ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што го правите во Собранието не е за демократија, туку за да се спасите од затвор

„Сфаќам дека не сакате да одите во затвор и дека ги штитите криминалците, ама не со овие лаги.“ изјави пратеникот на СДСМ..

Доста со ширење национализам и ксенофобија за заштита на вашиот криминал, рече пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски, на денешната собраниска седница, обраќајќи им се на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

„Важни се пожарите, но важно е и спречување на вашиот криминал. Да не се лажеме, ова што го правите не е за демократија или за запазување рокови, целта е спасување на кожите на дел од вас од затвор“, рече Богоевски.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top