(ВИДЕО) Богослужба во „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбрун 2019

По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им го честита црковниот и државниот празник на присутните верници, и се обрати кон нив со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост..

Денес празникот на св. мч-ци Адријан и Наталија, како и по повод 8-ми Септември, денот на прогласувањето на независност на Р. Македонија, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи и Пресвета Богородица“ во Епинг, Мелбурн, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Ефтим Бетински и Никола Христоски, игуменот Гаврил, протоерејот Јован Димитров, свештеникот Климент Станковски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

Погледнете го видеото од денешниот настан:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top