(ВИДЕО) Боно Вокс го имитира Бил Клинтон

Пејачот на групата U2 Боно Вокс, успеа да го „ископира“ Бил Клинтон и да покаже што научил на конгресот Clinton Global Initiative кој неделава се одржува во Њујорк..

Откако со своето однесување успеа да ги насмее сите во салата, на сцената излезе и Клинтон кој уште на почетокот му рече: „Изгледа дека е доста едноставно да се шегуваат на моја сметка“.

Веднаш потоа, Клинтон започна расправа со Шерил Сендберг од Фејсбук, со шефицата на ММФ Кристин Лагар, со пакистанскиот стопанственик Калид Брох и со милијардерот Мо Ибрахимов.

Инаку Боно и Клинтон соработуваат од крајот на деведесетите кога тој беше во Белата куќа, а неговата организација беше вклучена во добротворна работа во Африка.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top