(ВИДЕО) Бранко Црвенковски: Љубчо Георгиевски беше икона за Груевски, кога со Љубчо Никола ќе се поздравеше три дена рацете не ги миеше

Во пресрет на изборите секогаш се сеќаваме на најинтересните моменти и изјави во политиката. Таков беше говорот на Црвенковски во Прилеп во 2011 година..

Со Стојан Андов Никола беше во коалиција. Кога почна да го критикува одма го прогласи за странски платеник. Со Тито Петковски во 2006 направивте влада, со негова помош стана премиер. Кога и тој почна да те критикува и него го прогласи за моја продлжена рака. Љубе Бошковски беше ваш херој, песни му смислувавте, во Хаг го посетуваше, на аеродром го пречекуваше да го гушнеш пред камери за да гребнеш малку од неговата слава. Кога и тој почна да те критикува го прогласи за марионета во моите раце.

Љубчо Георгиевски Никола. Ти беше ИКОНА, сликата негова и на маса и на ѕид ја чуваше и пред неа секое утро по три пати се крстеше. Кога со Љубчо Никола ќе се поздравеше три дена рацете не ги миеше.

Еве го овој говор на Црвенковски:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top