(ВИДЕО) Бугарски новинар: Претпочитам Македонија да ја нарекувам „Југозападна Бугарија“

Бугарскиот новинар, Љубомир Огњанов, даде скандалозна изјава во својата емисија на Канал 3, кога среде интервју со заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, рече дека претпочита да ја нарекува Македонија – „Југозападна Бугарија“..

Оваа изјава на новинарот следеше откако прво го нарече премиерот, Зоран Заев, „северномакедонскиот премиер“. Георгиев на тоа рече дека може да добие критики поради употребата на придавката „северномакедонски“.

-Ќе бидете предмет на критика поради тоа – рече Георгиев.

-Не ме интересира како ќе звучи, јас претпочитам да ја наречам земјата „Југозападна Бугарија“ – возврати новинарот кој голем дел од 17-минутното интервју го посвети на прашања за Македонија.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top