(ВИДЕО) Чадот од Австралија стигна и до Нов Зеланд

Чадот од шумските пожари во Австралија пристигна на Нов Зеланд, на оддалеченост од неколку илјади милји,па инаку белите глечери добија кафеава боја, објавија метеоролошките служби и очевидците на социјалните мрежи..

Чадот од пожарите за прв пат се појави во Нов Зеланд вчера наутро. Во некои области, сонцето изгледа како розова или златна топка, во зависност од дебелината на токсичниот облак од чад.

„Чадот што го премина Тасманското Море, долг околу 2.000 километри, може да се види со голо око“, напиша Новозеландската метеоролошка служба на Твитер.

„Во области каде што чадот е најгуст, видливост е десет километри“, соопшти истиот извор.

„Ние навистина можеме да помирисаме мирис на чад тука во Крајстчрч, на источниот брег на островот“, напиша корисник на Твитер.

Друг корисник објави фотографија од глечерот ,,Франц Јозеф”, кој што е на списокот за светско наследство на УНЕСКО, како ја изгубил совршената белина и станал кафеав.

Катастрофалните пожари ја пустошат Австралија од септември. Особено смртоносни беа во вторникот на југоистокот на земјата поради неповолните временски услови.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top