(ВИДЕО) Човек на СДСМ го нападна поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Васко Наумовски во Битола

Полициска репресија, или партиската полиција на СДСМ се пресметува со неистомислениците во Битола.

Како се наближуваат изборите пораките се се’ посилни за неистомислениците во Битола. Од видеото се гледа како човек го брка Васко Наумовски околу возило додека ги мести гумите на автомобилот. Битолчанецот Васко Наумовски кој чувствува дека ќе биде физички нападнат инсистира од вулканизерот да повика полиција.

На видеото може да се слушнат гласови: „Не бегај како пи**а“, а нападнатиот Васко Наумовски бара од сопственикот да повика полиција.

Настанот се случил денеска околу 12:45 часот, а во него е вклучен полицаецот Живко Аспов. Да потсетиме дека токму тој и неговата ќерка на нејзината свадба пукаа со службениот пиштол пред очите на началникот на СВР Битола Славко Јовановски.

За среќа, не се случи потежок инцидент.

По денешната случка се поставува прашањето дали Аспов исполнува партиски задачи на СДСМ или, пак, толку е силен, па никој ништо не му може.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top