(ВИДЕО) Чуден момент: Тренерот на Бриж го извиси Оле кој остана вкопан во место

Манчестер Јунајтед вечерва ремизираше на гостувањето кај Клуб Бриж (1-1) во првиот меч од 1/16 финалето од Лига Европа..

„Црвените ѓаволи“ вечерва повторно осцилираа, па на крај може и да бидат задоволни што не се поразени сооглед на тоа што Клуб Бриж имаше неколку одлични шанси за победа, но на крај резултатот остана 1-1.

По крајот на мечот во центарот на вниманието се најдоа тренерите на двете екипи, Оле Гунар Солскјер и Фелипе Клемент кои станаа хит на социјалните мрежи.

Имено откако се поздравија и разменија по неколку збора пред почетокот на мечот, Келемент тотално го искулира Солскјер кога тој му пружи рака и се обиде да се поздрави.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top