(ВИДЕО) Ципрас со видео обраќање : „Вистината за Преспанскиот договор”

Грчкиот премиер Алексис Ципрас на својот фејсбук профил објави видео до граѓаните во кое вели дека мора да се дознае вистината за Преспанскиот договор..

Ципрас вели дека е дојдено време за се дознаат фактите за Преспанскиот договор.

„Со Преспанскиот договор ја штитиме нашата покраина Македонија. Го надминуваме стравот и инерцијата , со гордост и отвораме пат кон мир и економски раст“, наведува Ципрас во пораката наречена „Вистина за Преспанскиот договор”.

Договорот , вели Ципрас е камен темелник за пријателство на балканскиот регион, соработка и братство на народите.

„Нашите соседи го разликуваат својот идентитет , признавајќи дека нивниот јазик е славенски и дека културата на ниту еден начин не им е поврзана со древното грчко наследство. Преку Преспанскиот договор признаваме државјанство , а не етнички групи. Ќе нема иредентистички алузии во нивните учебници. Тие ги менуваат имињата на спомениците, на инфраструктурата и на јавните простори. “ , рече Ципрас.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top