(ВИДЕО) Дали тука некогаш ќе има живот: Погледнете спектакулана снимка на КРАТЕР ПОЛН СО ЛЕД на Марс!

(ВИДЕО) Дали тука некогаш ЌЕ ИМА ЖИВОТ: Погледнете спектакулана снимка на КРАТЕР ПОЛН СО ЛЕД на Марс!.

Европската вселенска агенција објави спектакуларна слика на кратер на Марс што може да овозможи човечко населување и да биде извор на вода за човечка колонија ако некогаш се формира на соседна планета. Кратерот „Королев“, исполнет со мраз, беше снимен од воздух.

Неверојатното видео е всушност мозаик од слики на површината на овој кратер направен со стерео камера со висока резолуција со цел да се направи 3Д дисплеј, пренесува RT.

Кратерот „Королев“ се наоѓа во северниот дел на Марс и е исполнет со мраз во текот на целата година, бидејќи е природна „стапица“ која го штити мразот од топење а длабок е околу два километри.

Кратерот е именуван по Сергеј Павлович Королев, главен советски инженер за ракети и дизајнер на летала, познат и како „татко на руската вселенска технологија“.

Благодарение на неговата работа, Советскиот сојуз го испрати првиот сателит во орбитата во 1957. година и Јуриј Гагарин во вселената во 1961. година.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top