(ВИДЕО) Де Лихт на интересен и оригинален начин промовиран во нов играч на Јувентус!

Матијс Де Лихт и официјално е нов играч на Јувентус..

Откако вчера успешно ги мина лекарските прегледи, младиот дефанзивец потпиша договор и денеска е претставен како нов фудбалер на италијанскиот првак.

Јувентус на интересен начин на својот Твитер профил официјално објави дека Де Лихт е нов „Бјанконеро“. Со написот „Turn De Ligt on“, што е игра на зборови, го најави Холанѓанецот како нов играч.

Де Лихт со гигантот од Торино потпиша договор на пет години, односно до јуни 2024. година, а неговиот поранешен клуб Ајакс за неговата слобода доби 75 милиони евра.

„Технички мајстор, физички доминантен, со визија за игра, интерпертација на дефанзивните движења… Матијс е перфектна синтеза на модерен дефанзивец, играч кој неодамна стана професионалец, но веднаш се зборуваше за него“, истакнаа од Јувентус на својот сајт.

Младиот Холанѓанец во Торино ќе заработува 12.000.000 евра по сезона што го прави втор најплатен играч во италијанскиот фудбал, по Кристијано Роналдо. Ќе има и откупна клаузула во висина од 150.000.000 евра, но останатите клубови ќе можат да го купат дури од летото 2022. година.


Scroll To Top