(ВИДЕО) Дејвис се налути и со девет поени во низа го отпиша Мемфис, за 14-та победа на Лејкерси!

Во дербито на вечерта, екипата на Лос Анџелес Лејкерс по крајно возбудлив натпревар во Мемфис ја запиша својата 14-та победа во новата сезона на НБА лигата (108-109), иако Гризлиси во еден момент имаа позитива од 14 поени..

Домашната екипа уште од стартот го диктираше резултатот. По првата четвртина беше 35-25, а потоа Мемфис имаше и 49-35, но од тој момент Лејкерси започнаа да ја топат разликата и во финалните 12 минути влегоа со позитива од еден поен (84-85). Во клучните моменти кога се кршеше резултатот Мемфис повторно поведе со 105-100, но на сцена стапи Ентони Дејвис, кој со девет поени во низа ја разби домашната одбрана и ѝ донесе значајна победа на својата екипа од само еден поен разлика. 

Одличниот центар натпреварот го заврши со скор од 22 поени, четири скока и три асистенции, додека најдобар повторно беше Леброн со 30 поени, но со слаб учинок за три поени (2/9). Со оваа победа поранешниот шампион од времето на Коби Брајант останува лидер на табелата во Западот со скор од 14 поени и два порази, додека Мемфис тоне на табелата и сега има 5 победи и 10 порази. 

И екипата на Јута Џез продолжува со фантастичните игра во оваа сезона. „Џезерите“ стигнаа до 11. триумф на 16. натпревар, откако пред својата публика со 128-120 славеа над Њу Орлеанс, а на паркетот блескаше Богдановиќ со 28 поени, и по пет скока и асистенции.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top