(ВИДЕО) Демонстранти го вандализирале споменикот на Капетан Кук пред Денот на Австралија

Општината испрати чистачи да ги отстранат бојата и графитите..

Вандали го урнаа споменикот на капетан Кук во југо-источниот дел на Мелбурн, пред прославата на Денот на Австралија утре.

Споменикот на "St. Kilda Beach" имаше розова боја над него, а зборовите "Нема гордост" беа напишани со црвен спреј

Твитерџиите испратија фотографии од оштетената статуа утринава.

Дејвид Нес изјави дека тоа е "не-австралиски" и "револтирачки" протест.

Г-дин Нес рече дека ја резбира контроверзијата околу дебатата за Денот на Австралија, но додаде дека историјата не може да се промени и луѓето треба да се помират со тоа.

"Од една страна, тоа е кога Австралија била откриена, ако не беше откриена ние немаше да продолжиме напред, но во исто време, работите тргнаа наопаку и не можеме да го смениме тоа", рече тој.

Меморијалот на Кук е реплика на оној во Витби, Англија, и беше дониран од Андреј Стенхаус, член на комитетот на Saint Kilda.

Се верува дека споменикот е првиот голем споменик на капетанот Кук во Викторија. Тој бил издигнат во 1914 година.

Видеото може да го видите ТУКА.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top