(ВИДЕО) Ден на хулиганите: Англиско сценарио во Лил, навивачите влетаа да ги тепаат фудбалерите

По хаосот што го создадоа навивачите на Вест Хем, идентична работа вечерва направија нивните колеги од Лил.

Неколку десетини фанови по завршувањето на мечот со Монпеље влетаа во теренот со намера да ги истепаат своите фудбалери за ремито 1-1. Имаше и физички пресметки, но на крајот полицијата успеа мирно да ги спроведе играчите до соблекувалните.

Незадоволните навивачи на Лил се заканија дека ова не е се и дека ќе продолжат со слични постапки ако играта на нивниот тим не се подобро. Шампионот од 2011 година е на претпоследното место на табелата во Лига 1, но заостанува само еден бод од екипите кои се во безбедната зона.

Она што ги плаши навивачите е фактот што последната победа тимот ја оствари кон крајот на јануари.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top