(ВИДЕО) Денот на независноста на Република Македонија 2017 прославен во Мелбурн, Австралија

Нека ни е честит 8ми Септември, Денот на Независноста на Република Македонија..

По повод денот на независноста на Република Македонија, Советот на македонската заедница од Мелбурн и Викторија, со Генералниот Конзулат на Република Македонија во Мелбурн ја одржа традиционалната cвечeнa церемонија за подигање на Maкедонcкитe знамиња. 

Церемонијата се одржа на главниот градски плоштад во Мелбурн (Federation Square) 

Пo интонирањето на химните на Австралија и на Република Македонија пригодни говори по повод денот на независноста на Република Македонија одржаа Г-дин Зоран Здравески, Претседател на Советот на македонската заедница од Мелбурн и Викторија како и вице Конзулот  Радмила Стојмировска од Генералниот Конзулат на Република Македонија во Мелбурн.

На свеченоста присуствуваа наши Македонци кои живеат во Мелбурн како и познати Македонски друштва, организации и преставници од медиумите исто така од Мелбурн

Видливо беше отсуството на  преставници од Епархијата за Австралија и Нов Зеланд.

Независноста за македонската држава е македонскиот вековен сон што се оствари пред точно 26 години, односно во 1991 година. 

Таа 1991 година претставува кулминација на вековната борба за постигнување на независна македонска држава. 

Сонот на многубројни генерации и целта на неброените херои се оствари токму на 8ми Септември 1991 година. 

Денес, ние Македонците живееме во време кога треба да сме горди на тоа што го имаме. Имаме независна, суверена и самостојна држава Република Македонија. 

Држава што може да си ја нарекуваме своја, држава која е одлика на современите демократски вредности предвестени од Крушевската Република. 

Нека ни е честит 8ми Септември, Денот на Независноста на Република Македонија. 

Во прилог погледнете го видеото од денешниот настан



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top