(ВИДЕО) Денот на жената 2018 прославен во Мелбурн

Македонките во Мелбурн свечено го прославија 8ми Март - Денот на Жената..

Во Австралија живеат голем број на жени кои се пример за австралиското општество. Голем број наши македонки се на врвни позиции во големи компании, друштва и организации. Затоа и оваа година се одржа централна прослава - традиционалниот гала бал на организацијата „МАСО - Macedonian Australian Community Organisation“ во Шелдон ресепшн во Sunshine.

Салата беше исполнета до последното место и декорирана специјално за денот на жената. Присутните славенички добија по едно цвеќе а за нив на денот се погрижија веселбата да биде поубава групата Легато Бенд.

Традиционално секоја година се избираат 3 жени за кои заедницата добро знае колку вредат и се гордост на истата. Оваа година честа им припадна на Лилијана Огненовски, Лидија Нешковски и Мирјана Мицкоска.

Со оваа прослава уште еднаш се докажа дека македонскиот активист Лидија Нешковски неуморно работи и со задоволство ги води македонките од Мелбурн.

Погледнете го видеото од настанот:




Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top