(ВИДЕО) Десничар ѝ понуди брак на својата партиска колешка среде седница на парламентот

Во италијанскиот парламент се случи необичен настан кога пратеникот Флавио ди Муро, член на десничарската партија Лига, среде седница ја побара за жена колешката од партијата..

Во еден момент тој побарал збор, а потоа пред камерите и среде парламентот ја побарал за жена колешката од партијата.

„Елиза, ќе се омажиш ли за мене“, прашал тој, го извадил прстенот и чекал одговор.

Неговите партиски колеги веднаш му честитале. Кога Елиза ја прифатила понудата, овој чин се прославил во пратеничките клупи.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top