(ВИДЕО) Дијаcпората во Мелбурн ги бојкотираше претседателските избори

Пишува: Никола Ставрески, уредник на „Фаланга“..

Македонците од Мелбурн денес имаа право да го остварат своето право на глас за избор на претседател на Република Северна Македонија.

За разлика од претходните изботни циклуси кога Македонците од Мелбурн со гордост одеа и гласаа овој изборен циклус не случи истото.

Имено, видно разочарани поради смената на името на државата, но и поради досегашниот игнорантски однос на власта и опозицијата, а и на прерходната власт кон дијаспората, дијаспората реши да ги казни и едните и другите со бојкот.

Во Мелбурн денес беа пријавенни само 66 гласачи, од кои 37 се појавија на избирачкото место, и толку гласаа.

Во Канбера гласаа само 16 гласачи, а од Аделаид, Перт и Бризбен немаше ниту еден гласач.

Со оглед на фактот дека илјадници Македонци во Австралија имаат право на глас и важи за најбројна Македонска дијаспора во светот, ова е поразитрлен резултат, од кој сите треба да се запрашаат зошто е тоа така?

6 претставници на Државната Изборна Комисија, претставувајќи ги партиите допатуваа дури од Македонија за да го спроведат изборниот процес во Мелбурн.

Зарем не е срамно да се трошат толкави суми пари за изборни комисии да доаѓаат дури од Македонија, ако знаеме дека истите можат да се формирани од луѓе кои се веќе овде како партиски, така и надпартиски.

Дефинитивно ова е силна порака, како до власта, така и до опозицијата дека дијаспората е многу одлучна и никој не може да и влијае на никаков начин.

Можеби и не им се толку важни гласовите од дијаспората и така се однесуваат, но ќе сватат колку им се важни кога бојкотот ќе удри и по економијата. 

Голем број Македонски производи се увезуваат во Австралија и Македонците со гордост избираат да купат македонски производ, пред било кој друг призвод, иако другите можеби се по квалитетни и по евтини.

Ретко веќе кој од дијаспората ќе извади пасош на кој што ќе пишува Република Северна Македонија, и се помал ќе биде бројот на Македонци ќе кои патуваат во Македонија за да оставаат таму девизи или помали и поголеми инвестиции.

Повторуваме, во Мелбурн гласаа само 37 Македонски државјани, резултатот не го објавуваме поради изборниот молк кој сеуште трае во Република Северна Македонија.

Најверојатно овие се последни избори на кои што дијаспората ќе гласа, тоа неодамна го изјави и премиерот Зоран Заев.

Дијаспората избра бојкот, што ќе избере Македонија утре, бојкот или претседател на државата, со нетрпение очекуваме да видиме сите.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top