(ВИДЕО) Директор од прилепска гимназија ги убедувал учениците да протестираат

На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое се слуша разговор меѓу група ученици и директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Кире Николоски..

На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое се слуша разговор меѓу група ученици и директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Кире Николоски. Тој им зборува на учениците дека ќе биде страшно ако се спроведе платформата на албанските партии и ако се воведе двојазичност на целата територија на државата.

Николоски за  НОВА ТВ потврди дека неговиот глас е на снимката и дека на учениците им зборувал како директор на гимназијата и дека тој лично се спротивставува на албанската платформа и на уништувањето на македонските национални интереси.

„Јас како директор ви велам. Не дај боже да се спроведе она што се кажува за двојазичност на целата држава. Лично на ваши години сум застанал 1989, 1990 година во борба за самостојна Македонија. Ако се случи воведување на двојазичност, менување на химна, на знаме, албански симболи на монети..“, вели Николоски во видеото.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top