(ВИДЕО) ДО КОГА КОЈ САКА ЌЕ КРАДЕ МАКЕДОНСКА МУЗИКА: „Километри“ на Лозано ја присвоил албански изведувач - што треба да се направи за да сето ова пре

Со македонска песна на албански фестивал – и никому ништо….

Во македонските медиуми се појави веста дека косовскиот пејач Кораб Шаќири ја присвоил музиката од песната „Километри“, еден од најголемите хитови на популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано, инаку авторско дело на Лазар и Магдалена Цветкоски.

Шаќири со песната на композиторите Лазар и Магдалена Цветковски се натпреварувал на најреномираниот албански фестивали во Албанија – „Kenga Magjike“ (Волшебна песна).

За срамот да биде уште поголем за пејачот од Косово, е тоа што во описот на песната стои дека токму тој и извесен Флорент Бошњаку се автори на оваа нумера.

Со цел да го слушнеме мислењето на авторот, Лазар Цветковски и какви се неговите планови на ова поле се обидуовме да го контактираме, но тој не одговараше на нашите повици, можеби е во странство…

„Феномен“ е насловот на албанската песна и ѐ објавена на официјалниот канал на Јутјуб на фестивалот.

Слушнете ја „Феномен“ на Кораб Шаќири!




Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top