(ВИДЕО) Добил нож во грб за време на богослужба - свештеник бил избоден пред верниците

Монтреал бил сведок на страшно злосторство - напаѓач избодел свештеник во грб..

Осомничениот кој го нападнал свештеникот бил задржан во болница, а утре ќе биде сослушан.

Свештеникот е избоден во петокот за време на утринската миса во Ораториум на Светиот Јосиф во Монтреал. Свештеникот Клод Гроу бил итно одведен во болница после инцидентот, пренесува Селин Барбау, директор за комуникации на црквата во која се случил инцидентот.

Според тоа што тој го кажал, осомничениот користел нож да го нападна свештеникот. Напаѓачот се залетал во својата жртва и нападнал од зад грб. Барбау вели дека свештеникот претрпел повреда, но дека не е животно загрозен.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top