(ВИДЕО) Дончиќ со нова чудесна партија му одржа лекција на „големиот“ Харден

Словенечкиот репрезентативец, Лука Дончиќ, продолжува да ги воодушевува кошаркарските вљубеници низ целиот свет, откако прикажа уште една маестрална партија и со 41 постигнат поен во синоќешниот гостински триумф над Хјустон рокитс (137-123)..

Голобрадото момче кое има само 20 години се поигруваше со ѕвездите на „ракетите“, со оглед што за овој тим настапува и некогашната машина за трипл-дабл, Расел Вестбрук.

Ниту тој ниту Харден не најдоа начин да го сопрат Словенецот, кој не знаеше да погреши, со оглед што до вториот најдобар поентерски учинок во кариерата дојде со одличен процент во ударите од поле (15/29), а придодаде со десет асистенции и шест скока.

Веднаш зад него беше Тим Хардавеј јуниор со 31 поен, а следеше Порзингис со 23 поени и 13 скока. Харден, пак, средбата ја заврши со 32 поени и 11 асистенции, што е далеку од просекот кој го имаше минатата недела од речиси 45 поени.

Со овој учинок, Дончиќ само го подобри рекордот со четврто остварување по ред на 30 и повеќе поени со 10 и повеќе асистенции, нешто што досега им успеало само на Вестбрук, Харден и на големиот Мајкл Џордан.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top