(ВИДЕО) „Доријан“ ги опустоши Бахамите, се движи кон Флорида

Најмалку пет лица загинаа на островите Абако на Бахамите во ударот на ураганот „Доријан“, кој во моментот е лоциран на околу 170 км источно од Вест Палм Бич на Флорида..

Разорниот ураган е окарактеризиран како најсилен кој некогаш ги погодил Бахамите, а ударите на ветрот се 205 км/ч, додека над ахамите се задржа 40 часа.

Премиерот на бахамите Хуберт Минис изјави дека најмлаку пет лица загинале на островите Абако, додавајќи дека и жителите на островот Грејт Бахама се загрозени.

Спасувачките екипи ќе тргнат во акција штом временските услови ќе го дозволат тоа, додаде Минис. Според неговите зборови, многу кучи и згради се значително оштетени или униптени. – Се наоѓаме сред историска трагедија – рече Минис.

Американскиот Национален центар за урагани наведува дека ова е најсилниот ураган кој некогаш ги погодил Бахамите, а во меѓувреме категоријката се намалуваше од петта, на четврта, па на трета, но и со таа јачина ураганот е разорен.

Населението сѐ уште е во засолништа, без струја, а маериканските медиуми јавија дека ураганот направил голема штета. Медиумите објавија дека седумгодишно момче е првата жртва на ураганот на Бахамите.

Националниот центар за урагани со седиште во мајами ги предупреди жителите на Флорида и речено им е да не ги нашуштаат засолништата додека ураганот не помине.

Инаку, во девет окрузи на Флорида наредена е задолжителна евакуација, меѓу кои и Џексонвил на Палм Бич каде се наоѓша резиденцијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Авионите не летаат, бензинските станици се затворени, како и популарниот Дизниленд.

Научниците предупредија дека климатските промени влијаат на интензитетот на ураганите, затоа што од загревањето на океанот и површината на водата, добиваат повеќе енергија, што може да доведе до повеќе врнежи и силни ветрови.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top