(ВИДЕО) Драма на автопат: Го извлекоа жив од запален автомобил

На Јутјуб осамна драматичен момент од борба за живот по сообраќајна несреќа, што се случи во Азербејџан..

Имено, на автопатот меѓу Ростов и Баку дојде до судир кога една „Лада“ се „забила" во „Волга“. Веднаш потоа, автомобилот се запалил, па луѓето веднаш притрчале напомош.

Сите се обидувале да им помогнат на заробениот возач и патниците во возилото, но кога огнот се засилил, повеќето се откажале, освен неколкумина. Тие беа упорни докрај и тоа се исплатело. Ги скршиле прозорците и ги спасиле луѓето.

Јунаците ги собраа сите аплаузи на социјалните мрежи. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top