ВИДЕО: Драматика до крајни граници - Атлетико во финишот ја елиминира Барселона од Суперкупот

Во неверојатен и луд натпревар, Атлетико Мадрид вечерва со фантастичен пресврт ја елиминира Барселона од Суперкупот во Шпанија..

Во првиот дел немаше голови, но затоа вториот дел почна пеколно, со гол на Коке во 46. минута. На тоа Барселона возврати со два гола на Меси и Гризман во 51. и 63. минута за водство.

Но финишот донесе неверојатен спектакл, во 81 минута судијата досуди пенал за Атлетико Мадрид, кои изедначија на 2:2 преку Алваро Мората.

Но тоа како да не беше вистинскиот шок за Барселона, туку нов шок им се случува во 86. минута кога Кореа стрела за предност на гостите и за конечна победа, односно за тешка елиминација на домаќинот.

Барселона се обиде да го промени резултатот и да дојде до продолженија, но Атлетико оди во големото финале, каде за противник го има градскиот ривал Реал Мадрид.

Треба да се напомене дека ВАР технологијата на оваа средба, на Барселона и поништи два гола.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top