(ВИДЕО) Духовна Академија во храмот „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Мелбурн

Одржана духовна академија по повод 50 години од возобновувањето на Охридската Архиепископија..

Во петок на 2-ри декември, Македонската Праволсавна Општина за Мелбурн и Викторија од Австралиско-Сиднејската Епархија одржа духовна академија во Македонската Православна Црква „Св. Георгиј и Пресвета Богородица“ во Мелбурн.

Духовната Академија се одржа по повод 50 години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ-ОА и патрониот празник „Св. Климент Охридски“.

Вечерта Чиноначалствуваше Архимандритот Гаврил Галев во свештениците Ефтим Бетински и Климент Станковски.

Поздравното слово од Митрополитот Австралиско Сиднејски - г.Тимотеј го читаше Протоереј Ставрофор - Евтим Бетински.

Поздравен говор и важноста од независноста на Охридската Архиепископија го прочита отец Климент Станковски, Песна за „Св. Климент Охридски“ патрон на МПЦ - ОА и на манастирот во Кинглејк прочита - Аргерита Атева, исто настап имаа и црковниот хор на цркава во Епинг, поздравен говор од страна на управата на Македонската Православна општина за Мелбурн и Викторија одржа Претседателот на општината - Мирчо Ангеловски.

После Духовната Академија следеше Црковна трпеза за присутните верници на денот



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top