(ВИДЕО) ДУИ и СДСМ да го усвојат Законот за јазици или Заев ќе ја изгуби довербата кај Албанците

Селмани смета Заев треба да ѝ даде шанса на демократиајта, но не по цена секогаш да се прифаќаат барања и ултиматуми од опозицијата..

„Ако Заев влезе во теренот на ВМРО-ДПМНЕ и почне да ги прифаќа барањата се да се врати Законот за јазици, да се дебатира во МАНУ и во други институции, тогаш Заев ќе ја изгуби довербата на Албанците, но никогаш нема да ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ“ смета Имер Селмани, поранешен министер, пратеник и градоначалник и кандидат за претседател на Македонија.

Во емисијата „360 степени“ на Алсат М, тој предлага дека СДСМ и ДУИ во наредните една недела или десет дена да го изгласаат Законот и даго затворат прашањето на употребата на јазиците пренесе Либертас.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top