(ВИДЕО) Дурловски: Кога слободата е ропство, а среќата тага!

Оперскиот пејач Игор Дурловски, еден од иницијаторите на Граѓанската иницијатива За Заедничка Македонија, е единствениот кој доби ослободителна пресуда во случајот „27“ април..

Судскиот совет на чело со судијката Добрила Кацарска одлучи дека пеењето на националната химна сепак не е тероризам и го ослободи Дурловски од обвинението. За него во текот на постапката не беше понуден ниту еден доказ од обвинителството освен снимките дека е присутен во Собранието, односно Вилма Рускоска и колегиумот побараа притвор на 27 ноември 2017-та, подигнаа обвинение против него на 27 март 2018-та, а на крај побараа и затворска казна односно осудителна пресуда, знаејќи дека немаат никаков доказ за него. Во отсуство на било каков доказ, тој денеска беше ослободен, единствен од сите кои останаа во случајот после амнестијата.

На својот фејсбук профил оперскиот виртуоз упати видео порака на благодарност до сите кои го поддржуваа во изминатиот најтежок период, со зборовите:

„Кога слободата е ропство, а среќата тага!

Мелем на душа сте ми, сите #вие што со мисла, збор, присуство бевте со мене во најтешкото.

Благодарам на дел од блиските што станаа далечни.

Длаборез е проект кој со солзи ја гали татковината, а од срце ви го поклонувам.“


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top