(ВИДЕО) Две години затвор за Груевски, за луксузниот „мерцедес“

Демонстрантите кои се собраа на протест пред Кривичниот суд со негодувања ја пречекаа пресудата во предметот „Тенк“, со која судот ги прогласи за виновни обвинетите Никола Груевски и Ѓоко Поповски..

На поранешниот премиер, Никола Груевски, Судот му изрече затворска казна во времетраење од 2 години, за дело – примање награда по противзаконито влијание.

Груевски денеска не дојде на изрекување на пресудата. Беше застапуван од неговите адвокати.

За истиот случај поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, осуден е на затворска казна од 6 годинни и 6 месеци.

Демонстрантите ја тресат металната ограда, скандираат „Никола! Никола!“, а на обвинителите од СЈО им порачаа „Живи да не излезете!“.

Поради тензијата полициските службеници се приближија до демонострантите за да превенираат поголем инцидент.




Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top