(ВИДЕО) Џамија ќе се гради во скопската општина Ѓорче Петров

Видео во кое се повикуваат граѓаните да донираат за изградба на нова џамија во општината Ѓорче Петров деновиве беше објавено на социјалните медиуми..

Во него се најавува изградба на нова џамија и за истото веќе има утврдено локација, односно истата ќе биде лоцирана во населбата Даме Груев.

Според официјално објавените податоци бројот на роми кои живеат во оваа скопска општина е 1249, односно помалку од 2 проценти.

На социјалните мрежи граѓаните го споделуваат видеото со коментар дека изградбата на ваков верски објект е едно од ветувања на градоначалникот Александар Наумовски кое тој го дал пред локалните избори минатата година.

Од општина Ѓорче Петров утрово ја демантираат информацијата дека во општината ќе се гради ваков верски објект.

„Градоначалникот Александар Наумоски нема дадено такво ветување пред локалните избори минатата година, а во Деталниот урбанистички план за Ѓорче Петров не е предвидена изградба на таков верски објект.“, се вели во одговорот доставен до Скопје Инфо.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top