(ВИДЕО) Џељо Дестановски & Анета Мицевска со својот бенд „Молика“ растураат по Австралија

Да токму така, нашата дива, златното Македонско грло Анета Мицевска со својата група „Молика“ растураат по Австралија и околината..

За нашиот портал ексклузивно не ги криеа своите позитивни импресии од своите настапи ширум Австралија, така нашиот пријател – кралот на зурла Џељо Дестановски на телефонски разговор со Порта.мк ни откри повеќе..

Новата година поминавме одлично, расположението беше на максимално ниво, неможеше подобро – им честитам на овие прекрасни луѓе од група „Молика“ – Александар на тапани, Зисо на сајзер, Горан сакс, Џими бас, Јовица, како и на нашата кралица Анета Мицевска..

Ова е големо искуство воедно и најубавото чувство во мојот живот, нашите Македонци кои живеат во дијаспората ја негуваат Македонската музика во право светло, за прв пат сум тука и се надевам дека ќе се гледаме уште долго…

Полни концерти, полна душа, продолжуваме само за ваше расположение на крај додаде Џељо и на сите ви ги честита новогодишните и божикните празници!

Видеото погледнете го на Порта.мк


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top