(ВИДЕО) Џелонг го победи Престон Македонија и стана шампион на Државната Лига - еден

Македонското дерби му припадна на Џелонг..

Денес со љубопитност голем број на љубители на спортот од Македонската заедница од Мелбурн и Џелонг во голем број и тоа над 4,000 дојдоа да го следат најважниот натпревар во Државната лига на Викторија.

Секако дека фаворит беше Престон Лајонс но среќата им го сврти грбот и и на самиот почеток гостите од Џелонг во деветтата минута го изнедија домаќинот Престон и со тоа најавија дека ке се игра возбудлив натпревар.

Со резултат од 0:1 за Џелонг заврши и првото полувреме.

Желбата да се победи  на овој напревар беше голема и во двата табора но на полувреме на лицата на фановите од Престон Македонија се гледаше и загриженост секако имаше и коментари дека се ќе биде во ред во второто полувреме.

Во второто полувреме Џелонг имаше акција во 58 минута каде најуспешен беше Метју Таунли и неофицијално започна прославата на Шампионската титула во Првата Државна лига на Викторија со конечен резултат од 0:2 Џелонг успеа и да се промовира во повисок ранг на натпреварување каде до сега настапуваа и Алтона Меџик копј се пласираа во NPL1.

Тимот на Престон Лајонс уште еднаш докажа дека има добра управа и добар тим и што е најважно најдобра публика и нив и на тимот на Џелонг им посакуваме добар успех наредната натпреварувачка сезона.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top